Последниот судиски свиреж на натпреварите обично значи и крај на натпреварот, меѓутоа случувањата на натпреварот Ајнтрахт Франкфурт – Шалке го покажа спротивното.
Судијата Штегеман свирна крај при резултат 1:1, но од ВАР собата стигна дојава за можен пенал за Ајнтрахт после играњето со рака на Калигиури.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Судијата погледна на мониторот и неколку минути подоцна досуди пенал за гостите, а Даниел Калигиури доби жолт картон.
Следеше протест од домашните играчи, но главниот судија не ја промени својата одлука и Лука Јовиќ погоди од пенал и му донесе победа на својот тим.
Инаку, пеналот беше досуден во 99. минута, што е најкасно досуден пенал во историјата на Бундеслигата.