Винисиус Жуниор и Родриго веќе се во историјата на Реал Мадрид кога во прашање се стрелците во Лигата на шампионите.
Верувале или не, Бразилците постигнаа по 16 голови во елитното натпреварување во дресот на Реал и пред нив се само четворица играчи во историјата на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неприкосновен е Кристијано Роналдо со 105 гола во Лигата на шампионите, потоа следи Карим Бензема со 78, Раул со 66, а потоа со само 17 Фернандо Мориентес. Тоа значи дека Родриго и Винисиус се на само еден гол да го прескокнат.
По 16 голови за Реал во Лигата на шампионите постигнаа играчи како Луис Фиго, Герет Бејл. Гути и Роберто Карлос, додека зад нив се – Серхио Рамос (15), Руд Ван Нистерлој (13), Роналдо (13),, Зидан (9)…Овие големи имиња само потврдуваат колку е тешко да се направи она што на младите Бразилци веќе им успеа.
Треба да се истакне дека Родриго е посебен феномен во оваа приказна бидејќи обожава да погодува во Лигата на шампионите. За Реал тој вкупно постигна 39 голови и дури 16 се во елитата.