Дома Останати Кошарка НБА: Хјустон немоќен без Харден, Дончиќ најдобар во поразот на Далас (ВИДЕО)

НБА: Хјустон немоќен без Харден, Дончиќ најдобар во поразот на Далас (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа седум натпревари.

Tимот на Хјустон никако да си дојде на себе, а после натпреварот од изминатата ноќ имаат скор од дури четири порази и само една победа во првите пет натпревари оваа сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хјустон гостуваше кај Лос Анџелес Клиперси кои на крајот славеа победа со резултат 133:113.

После неизвесната прва четвртина. Клиерси во втората стигнаа до поголема предност, за на полувреме да заминат со +9, со водство од 70:61.

Се обидоа Рокетси да се вратат во третата четвртина, но Клиперси ги издржаа сите обиди на домаќинот да го сврти резултатот, за во последната четвртина лесно да го приведат кон крај на натпреварот и да слават убедливо.

Треба да се истакне дека Рокетси беа и без услугите на најдобриот играч, Џејмс Харден кој има проблеми со задната ложа.

https://youtu.be/KjBWEs9-MhE

Најефикасен во победничкиот тим беше Монтази Харел со 30 поени, додека Лу Вилијамс додаде 23. Кај Хјустон се истакна Кармело со 24 поени.

Торонто на свој терен го пречекаа Далас и на крајот славеа со 116:107 во натпревар во кој ако се одземе финишот на третата четвртина, имаа предност од почетокот до крајот.

Кај Рапторси се истакнаа Каваи Леонард (21 поен, девет скокови) и Кај Ловри (20 поени, 12 асистенции). Додека кај Далас уште еден одличен настап прикажа Лука Дончиќ кој беше најефикасен во својот тим со 22 поени. Деандре Џордан запиша дабл-дабл со 18 поени и 15 скокови.

Иако конечниот резултат кажува нешто друго, Голден Стејт Вориорси со многу потешкотии успеаа да го скршат отпорот на Њујорк Никси и дури во последната четвртина ја обезбедија победата и направија разлика. Вориорси на крајот славеа со 128:100.

Одличен настап имаше Кевин Дурант кој постигна 41 поен, запиша девет скокови и подели пет асистенции, Стеф Кари додаде 29 поени. Кај Никси најефикасен беше Тим Хардвеј со 24 поени.

НБА резулати:

Шарлот – Чикаго 135:106

Њујорк – Никси – Голден Стејт Вориорси 128:100

Торонто – Далас 116:107

Хјустон – Лос Анџелес Клиперс 113:133

Минесота – Милвоки 95:125

Њу Орлеанс – Бруклин Нетс 117:115

Сакраменто – Вашингтон 116:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ нападна соиграч: Ако не си посветен, немој да се занимаваш со спорт

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, не користеше баш избрани зборови за Мајкл Порте…