Дома Останати Кошарка НБА: Дончиќ со скромен учинок, Далас поразен кај Јута (ВИДЕО)

НБА: Дончиќ со скромен учинок, Далас поразен кај Јута (ВИДЕО)

nba

Кошаркарите на Јута вчера го победија Далас Маверикс со 113:104 додека Лос Анџелес Клиперси полесно од очекуваното беа подобри од Вашингтон Визардс.

Далас пред своите навивачи беше поразен од Јута која не знае за гостински пораз. Гостинскиот тим имаше предност од првата четвртина која не ја испушти до крајот на натпреварот. Јута во првите 10 минути стигна до предност од 26:19, додека на полувреме се замина со резултат 50:46 за гостите.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во третата четвртина гледавме изедначен натпревар во кој Далас се обидуваше да се врати и да дојде до пресврт, но Јута не дозволи такво нешто. Гостите успеаа да ја зачуваат предноста.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гоберт со 23 поени, додека Мичел додаде 20 поени. Во тимот на Далас се истакна Смит со 27 поени, додека Лука Дончиќ одигра нешто поскромен натпревар и запиша 14 поени.

Убедлива победа остварија Клиперси против Визардс со 136:104. Клиперси одиграа тимски фантастичен натпревар предводени од Харис кој постигна 22 поени. Изминатата ноќ победа запиша и Оклахома против Феникс со 117:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Винисиус до Коке: Ти си губитник, јас имам две титули во ЛШ 🎥

Teнзично дерби одиграа градските ривали, Атлетико и Реал за викендот, а на крајот тоа завр…