Дома Фудбал Останато На Џибрил Сисе ќе му се исполни желбата? Се враќа и тоа во француски прволигаш?

На Џибрил Сисе ќе му се исполни желбата? Се враќа и тоа во француски прволигаш?

Џибрил Сисе пред нешто помалку од две децении важеше за напаѓач со голем потенцијал, но потоа дојдоа повредите. Во 2004 година во дресот на Ливерпул Сисе доживеа скршеница на левата нога, а две години пдооцна во пријателски натпревар за француската репрезентација ја скрши и десната нога.

Секако Сисе кога ќе се земе се во предви имаше одлична кариа која почна да ја приведува кон крајот во 2015 година кога првпат отиде во пензија. Две години подоцна одигра уште една сезона во дресот на швајцарскиот тим Јевердон Спорт и повторно се пензионираше.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Потоа дојде панемијата со коронавирус, Европа отиде во карантин, а Сисе почна да тренира со цел пак да се врати на фудбалот иако во август ќе наполни 39 гоини.

Почна како шега, но Сисе сфати дека нема да му треба многу да се врати во добра физичка форма, а потоа јавно кажа дека сака повторно да заигра во Лига 1, ако треба и бесплатно. Најголем мотив му е да дојде до бројката од 100 гола во оваа лига (има 96).

Денес пристигнува информација дека Дижон сака да му дае шанса на Сисе и дека поранешниот напаѓач Пегу Линдула предложил на клубот да го доведат.

Дижон предвремениот крај на првенството го дочека на 16. Позиција во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Поранешен фудбалер на Евертон осуден на 20 години затвор!

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и поранешен селектор на кинеската фудбалска р…