Дома Фудбал Италија На Роналдо ова не му се случило шест години

На Роналдо ова не му се случило шест години

Лацио вчера го победи Јувентус во италијанскиот Суперкуп со 3:1.

Италијанскиот шампион втор пат оваа сезона изгуби од римскиот клуб, два пати со истиот резултат. Пред две недели Лацио славеше со 3:1 во италијанското првенство.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Кристиано Роналдо го изгуби првото финале со Јувентус и прво свое после 12 победи во финалните натпревари во низа. Последен пат пред вчерашниот натпревар изгуби пред шест ипол години 17. мај 2013 година во дресот на Реал изгуби 1:2 од Атлетико во финалето на шпанскиот куп.

Со Јувентус минатата година го освои италијанскиот Суперкупо, постигна тогаш и еден гол во победата против Милан. Со Реал славеше во финалето на шпанскиот куп во 2014, финалињата во Лигата на шампионите (2014, 2016, 2017. Славеше и со Португалија во финалето од Лигата на нации оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…