Дома Фудбал Англија На Покетино играчите му го „наместија“ отказот

На Покетино играчите му го „наместија“ отказот

Искусниот англиски менаџер и поранешен тренер на Тотенхем, Хари Реднап верува дека играчите се виновни за отказот на Маурицио Покетино.

Покетино кој пред половина година ги донесе „спарси“ до историски успех и пласман во финалето од ЛШ, синоќа доби отказ од раководството.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Луѓето велеа дека играчите го сакаат. Ако го сакаа можеа да играат малку подобро. На крајот на краиштата, тие му „наместија“ отказ. Резултатите не беа доволно добри бидејќи тие не играа доволно добро, затоа Покетино ја загуби работата“, изјави Реднап.

„Играа финале во Лигата на шампиони, но ако добро го анализирате тој период ќе видете дека имаа многу среќа. Меѓутоа, немаат освоено трофеј пет-шест години, а имаат одлична генерација со неколку феноменални играчи“, додаде Реднап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем удар за Арсенал пред четвртфиналето во ЛШ

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, поради повреда нема да игра четири до шест недели, пре…