Дома Фудбал Останато На повидок нова сензација од истото семејство: Братучед на Халанд постигна 30 гола на 22 натпревари!

На повидок нова сензација од истото семејство: Братучед на Халанд постигна 30 гола на 22 натпревари!

Eрлинг Халанд е напаѓачот кој ја воодушеви Европа со своите настапи прво во Салцбург, а сега во Борусија Дортмунд. Но, наскоро на фудбалската сцена може да блесне и неговиот помал братучед, Алберт Браут Чоланд.

Чоланд е член на мал норвешки клуб, има 16 години и засега игра одлично. Во последниот викенд дебитираше за првиот тим Брин откако претходно јуниорска категорија постигна 30 гола на 22 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Од мал сакав да заиграм за првиот тим. Навистина се случи брзо, не очекував дека еден месец откако ќе наполнам 16 години ќе добијам шанса. Халанд ми е голема инспирација, тоа што го прави е лудо“, изјави Чоланд.

Чоланд е висок 185 сантиметри и останува да видиме како ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…