Дома Трансфер зона На повидок голем трансфер: Мурињо не оди во Америка без НЕГО!

На повидок голем трансфер: Мурињо не оди во Америка без НЕГО!

Трансферот на Иван Перишиќ од Интер во Манчестер Јунајтед сеуште не е договорен, но италијанските медиуми најавуваат дека е многу блиску до реализација.

Жозе Мурињо сака што побрзо да го донесе хрватскиот репрезентативец за да може да смета на него во американската турнеја на која Манчестер заминува на почетокот на јули.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Перишиќ е приоритет на „Специјалниот“ за ова лето, па сака што е можно подобро да го сврти во тимот.

Перишиќ веќе има договор со „црвените ѓаволи“, но клубовите не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Интер не сака да ја спушти цената под 55 милиони евра, додека Јунајтед во овој момент е спремен да плати 40 милиони евра.

Меѓутоа Мурињо сака што е можно побрзо да се комплетира трансферот, па можно е двата клуба во следните неколку дена да ја „испеглаат“ разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…