Со натпреварите минатиот викенд заврши уште една сезона во шпанската Ла Лига.
Атлетико Мадрид на крајот заврши на второто место со 11 бодови заостанување зад Барселона, а во последното коло екипата на Диего Симеоне на гостувањето кај Леванте одигра 2:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само три дена подоцна Атлетико се упати во Изреал каде што играше пријателски натпревар против Баитар Ерусалим.
Тимот од Мадрид изгуби со резултат 2:1, а Диего Коста конечно доби прилика да заигра во еден натпревар.
Шпанецот во натпреварот против Барселона кој се играше пред еден месец доби црвен картон, а после тоа заработи суспензија од раководството на Ла Лига и до крајот на првенството не играше.
Прилика доби во пријателскиот натпревар, но немаше среќа со оглед дека после 26 минути се повреди и мораше да го напушти теренот.
Пред почетокот на овој натпревар Коста беше добро расположен и одлучи да се пошегува со едно од децата кои излегуваа со играчите на теренот пред почетокот на натпреварот.
Diego Costa is hilarious pic.twitter.com/mmvm28ko4c
— amadí (@amadoit__) May 25, 2019