Дома Трансфер зона На лето е слободен, каде ќе ја продолжи кариерата – Милано, Рим или Лондон?

На лето е слободен, каде ќе ја продолжи кариерата – Милано, Рим или Лондон?

Ектор Ерера е веќе во очите на јавнсота од многу едноставна причина.

Неговиот договор со Порто истекува на крајот од сезоната, истакна дека нема да го продолжи, што јасно го разбуди интересот на бројни клубови. Искусниот Мексиканец е на цена, едноставно е неверојатно како уште претходно не го напушти Порто, но во својата 28. година ќе го направи тоа, останува да видиме која ќе биде неговата следна станица во кариерата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според пишувањето на италијанските медиуми, два гиганти од Серија А веќе ја следат неговата ситуација и ќе се обидат следното лето да го доведат. Станува збор за Интер и Рома. Сепак, нема да имаат така лесна задача, бидејќи интерес за Ерера покажа и лондонскиот Арсенал. Како и да е, Мексиканецот е на слатки маки, јасно е дека од следното лето ќе заработува повеќе пари и ќе игра во некојa од најсилните севетки лиги.

Со тоа што го покажа во дресот на Порто, но и во дреот на репрезентацијата на Мексико, Ерера тоа го заслужи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…