Бројките се поразителни, а притисокот врз Зинедин Зидан расте се повеќе, па веќе почна да се шпекулира за негов отказ.
Откако се врати на клупата славниот Французин на 14 меча победи само шест пати и по четири пати одигра реми и загуби.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
После лошата претсезона, почетокот ветуваше по победата во Виго, но следуваа реми против Ваљадолид и Виљареал.
„Виновни сме ние, а не тренерот, ние правиме гршеки од мечо во меч“, изјави Каземиро.
Зидан е лут затоа што не беше ангажиран Пол Погба, а за негова голема среќа не победува ниту Барселона, меѓутоа Атлетико Мадрид има четири бода повеќе.
Доколку Зидан не ги поправи резултатите, тогаш замената му е подготвена, а тоа е Жозе Мурињо, кој е слободен и само чека повик од Флорентино Перез.
„Кралевите“ после репрезентативната паузата играат против Леванте и Севиља, натпревари кои Зидан мора да ги добие.