Дома Македонски спорт На денот на неговиот 57. роденден: Најавена книга за животот и кариерата на Дарко Панчев

На денот на неговиот 57. роденден: Најавена книга за животот и кариерата на Дарко Панчев

На денешен ден, 7 септември, во 1965 година, во Скопје е роден најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија – Дарко Панчев. Токму денес е објавена најавата за негова автобиоградка книга „Кобрата и бубамарата – најверното пријателство“.

„Благодарение на своите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до ден-денес во фудбалскиот свет.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук.

Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, на која ù беше првиот капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.

За неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, ќе имате можност ексклузивно да прочитате во првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, под авторство на големото новинарско име – Зоран Михајлов, што со огромна радост ја најавуваме токму денеска, на неговиот роденден“, стои во најавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…