Дома Фудбал Англија На денешен ден Џеко и Агуеро во „луд“ натпревар ја променија историјата на Сити (видео)

На денешен ден Џеко и Агуеро во „луд“ натпревар ја променија историјата на Сити (видео)

На денешен ден во 2012 година, Манчестер Сити дојде до долгоочекуваната титула во Премиер лигата, прва после големите вложувања на шеиците.

Манчестер Сити и Јунајтед во последниот натпревар од сезоната влегоа со исти бодови и двата тима го чекаа киксот на ривалот во последното коло.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Граѓаните“ играа дома против КПР и се беше спремно за големо славје бидејќи им требаше само победа, но гостинот имаше водство од 1:2 до 90-та минута.

Сити имаше пет минути надеж во продолжението за да се обиде да направи чудо. И на крајот успеа. Додека фудбалерите на Манчестер Јунајтед нервозно слушаа што се случуваше на Етихад, Џеко и Агуеро со два гола во судиско продолжение му донесоа титула на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бенитез за трансферот на Александар Исак: Ќе ви откријам една тајна

Поранешниот тренер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез (65), ги сподели своите сознанија …