Фудбалската репрезентација на Југославија многу често беше на врвот на светскиот и европскиот фудбал, меѓутоа освен едно олимписко злато не стигна до некое друго поголемо одличје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На денешен ден пред точно 90 години Југославија дебитираше на Мундијалот во Монтевидео Уругвај и тогаш ја забележа една од своите најголеми победи.
Репрезентацијата предводена од Бошко Симоновниќ успеа да го победи силниот Бразил со 2:1. Головите за Југославија ги постигнаа Александар Тирнаниќ и Ивица Бек, единствениот гол на Бразил беше дело на Прегуиња.
На овој турнир Југославија се прикажа во одлично светло, а по Бразил тимот на Симоновиќ славеше против Боливија со 4:0. Настапот за Југославија заврши во полуфиналето каде што Уругвај беше подобар со високи 6:1.