Легендарниот Алекс Фергусон на денешен ден во 1986. година беше именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед, веројатно не помислувајќи дека на клупата на Црвените ѓаволи ќе помине 27 години.
За оние кои не знаат, или заборавиле, последен тренер на Јунајтед пред Ферги беше Рон Аткинсон, кој на почетокот на ноември во 1986. година доби отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, на 6. ноември истата година почна една нова ера која траеше скоро три децении. Фергусон го превзема Јунајтед откако претходно освои неколку трофеи со Абердин, а потоа израсна во централна фигура на богатата историја на клубот од Олд Трафорд.
ЗА време на своето 27. годишно владеење, Алекс Фергусон на Олд Трафорд донесе неверојатни 38 трофеи, вклучувајќи 13 титули во ПЛ, две во ЛШ и пет во ФА купот.
Фергусон го предводеше Јунајтед на вкупно 1500 натпревари, од кои победи 895. Ол Трафорд го напушти по крајот на сезоната 2012/13 и тоа како шампион на Англија.
Популарниот Ферги денеска има 76 години и пред неколку месеци доживеа мозочен удар, а неговата здравствена состојба беше нестабилна. За среќа, успеа да се опорави и денеска повремено присуствува на Олд Трафорд.