На денешен ден пред една година, голема радост ни донесе РК Вардар кој успеа во полуфиналето на завршниот турнир во Келн да ја победи екипата на Барселона и да се пласира во големото финале, кое наредниот ден го доби против ПСЖ и на тој начин за прв пат во историјата ја освои Европската титула.

Во еден неизвесен натпревар, црвено-црните со гол во последните секунди на Лука Циндриќ успеаа да ја срушат големата Барселона и да се пласираат во финалето. Вардар на тој дуел успеа да победи со резултат 26:25.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ќе прави трофејна соба, побара помош од навивачите!

Ракометниот клуб Вардар започнува интересна иницијатива со која сака да ја зачува својата …