Двете битолски екипи Еурофарм Работник и Пелистер забележаа победи во денешните средби од 6.коло на Плеј-оф лигата во ракометниот шампионат на Македонија.
Инаку, и двата меча се одиграа во Битола. Во првиот, ракометарите на Еурофарм Работник славеа победа над Охрид со 28-22 полувреме 11-10.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лазо Мајнов со 8 и Серхио Барош со 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а по 6 гола за Охрид постигнаа Јанев и Кобетиќ.
Во вториот меч, Пелистер очекуваното беше подобар од последно рангираниот тим на табелата Борец, кого го совлада со 34-29 полувреме 16:13.
Последниот натпревар од ова коло, дербито Вардар – Металург ќе се игра на 11 мај.
Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 9 (4), Еурофарм Работник 9 (6), Охрид 9 (6), Пелистер 6 (6), Борец 0 (5).