Дома Фудбал На Бејл не му доаѓа умот: Повторно ги налути „кралевите“ (фото)

На Бејл не му доаѓа умот: Повторно ги налути „кралевите“ (фото)

Ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл повторно се наоѓа на мета на критики на шпанските медиуми.

Како што официјално стои во соопштението на Реал, Велшанецот е повреден, па синоќешниот меч против Галатасарај го гледаше од трибините.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Велшанецот како по обичај и синоќа не го дочека последниот свиреж на судијата и предвреме го напушти „Сантиаго Бернабеу“ со својот автомобил.

Бејл беше фатен од камерите на шпанскиот весник „АС“ како заминува од стадионот цели 8 минути пред да заврши натпреварот.

Ова не е прв пат Бејл да го прави ова, истото се случи и на претходните два меча на Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распад систем во Бајер Леверкузен: уште една ѕвезда премина во Борнмут

Амин Ајли (25), репрезентативец на Мароко и поранешен играч на Баер Леверкузен, е нов член…