Дома Фудбал Италија На Ањели му се заканува казна затвор од 12 години?

На Ањели му се заканува казна затвор од 12 години?

Веќе е добро познато дека комплетното раководство на Јувентус поднесе оставка и клубот ќе го водат нови лица, а подоцна италијанското обвинителство отвори истрага против сите, но и против клубот.

Андреа Ањели, поранешниот претседател на „бјанконерите“ е главен обвинет во случајот со наводните финасиски малверзации. Покрај финансиските документи, обвинението вклучува и манипулација со акциите на берзата, потоа контроверзната „Ковид плата“ кога беше објавено дека фудбалерите прифатиле намалување на платата, но всушност таа сума се исплаќала „на црно“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанското обвинителство смета дека има голем случај против човекот кој 12 години го водеше еден од најмоќните клубови во Европа, но и еден од зачетниците на идејата за европска Суперлига.

Италијанците јавуваат дека Ањели може да заврши со казна затвор од 12 години, доколку се потврдат обвиненијата.

Клубот е под истрага и од куќата на фудбалот на УЕФА, се очекуваат санкции и во спортскиот сектор. Се шпекулира за забрана за трансфери на играчи на неколку периоди, одземање бодови па дури и исфрлање во Серија Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…