Дома Топ вести На Атлетико му се заканува егзодус – заминуваат 10 фудбалери

На Атлетико му се заканува егзодус – заминуваат 10 фудбалери

Атлетико Мадрид после четири години не успеа да ја помине групната фаза од ЛШ, загубија 30 милиони евра, а многумина веруваат дека ова е крај на „Чоловиот“ тим кој правеше „чуда“ и одигра две финалиња во ЛШ.

Шанса на пролет овој тим ќе има во Лига Европа, но тоа ќе биде последното „збогум“ на една фантастична генерација. На лето Гризман сигурно заминува, Годин веќе го стигнаа годините, Филипе Луиз исто така може да го напушти клубот, а се спомнува заминување на Караско уште во јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште неколку фудбалери се при самиот крај, како капитенот Габи и Фернандо Торес, кој би требало соодветно да биде заменет од Диего Коста.

Некои играчи не ги исполнија очекувањата, како Врсаљко, Кореа, Гаитан, Вието, Гамеиро, а најтежок удар за „јорганџиите“ би можело да биде заминувањето на голманот Облак.

На Атлетико сега му преостанува битката за Топ 4 во Примера, но јасно е дека повеќе го „нема“ оној Атлетико од Симеоне кој за 6 години освои 5 трофеи.

Секој клуб поминува низ одредени циклуси, останува да видиме дали Чоло ќе остане во клубот, па да се обиде одново да изгради побенички тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…