Дома Фудбал Останато Најтрофеен клуб се во својата земја, а вчера испаднаа од лига, навивачите збеснаа и влегоа на терен

Најтрофеен клуб се во својата земја, а вчера испаднаа од лига, навивачите збеснаа и влегоа на терен

Грасхопер прв пат после 70 години испадна од првата лига на Швајцарија.

Овој тим доживеа пораз од 4:0, а нивните навивачи го прекинаа натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова е црн ден, не само за Грасхопер туку и за целиот швајцарски фудбал. Неверојатно е што се се случуваше на трибините и теренот“, изјави тренерот Ули Форте.

„Не се доближив до навивачите затоа што не сакаа да ме видат. Ако го направев тоа само ќе ја влошев ситуацијата. Задоволен сум како играчите разговараа со нив“.

Голманот Хејнц Линдер беше во солзи после натпреварот.

„Сето ова боли. Неславно завршивме во втората лига. Ние сме преголем клуб за такво нешто. Можам и да ги разберам навивачите. После 64 минути игра губиме 4:0 и испаѓаме од лига. Се обидов да разговарам со нив, но беше залудно“.

Грасхопер со 27 освоени титули е најтрофејниот швајцарски клуб, но последен пат овој клуб шампион беше уште во 2003 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Атомски фудбал во Милано, Интер прави пресврт во две минути (видео)

Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само д…