Дома Фудбал Англија Најскапите засилувања на Јунајтед главно се покажаа како промашувања

Најскапите засилувања на Јунајтед главно се покажаа како промашувања

Манчестер Јунајтед го комплетираше, сега и официјално, трансферот на Мејсон Маунт од Челзи и таа зделка го чинеше клубот од Олд Трафорд 64 милиони евра – само на име обештетување.

Плата, бонуси и други трошоци се посебна приказна.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Но, тука станува збор за висината на обештетувањето, што е важно од причина што сега Маунт се искачи високо на листата на играчи за кои славниот клуб одвои огромна сума на пари.

Маунт влезе во Топ 10 листата на играчи за кои Манчестер даде најмногу пари.

Тоа, секако, не значи дека Маунт ќе биде некој кој ќе остави длабока трага во клубот, напротив, ако се суди според историјата на големите трансфери на Јунајтед, новајлијата од Челзи нема големи шанси да стане некој важен за историјата на клубот.

Тоа го покажува и споменатата листа.

Имено, две од трите најскапо платени засилувања во историјата на клубот се всушност неуспешни: Пол Погба и Хари Мејведер.

И не се единствените.

Погба е платен 105 милиони евра и ретко кој може да каже дека Французинот направи големи работи во клубот (наспроти очекувањата и вложените пари), додека Мегваер е платен 87 милиони евра.

Непотребно е да се зборува за неговите игри, иако несериозно е да се каже дека е аматер, како што сега, после се што му даде на клубот, а пред се што не даде, навивачите на Јунајтед и другите клубови гледаат во него.

Втор на листата е Бразилецот Ентони, кој минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Ајакс за исто така големи пари – 95 милиони евра.

Претходната сезона му беше прва во клубот, покажа каков мајстор е, дека може да биде лидер на тимот, но рано е да се извлечат какви било заклучоци за него.

Санчо е четврти на листата (беше платен 85 милиони). Во претходната сезона неговиот учинок беше шест гола и три асистенции, што не е лошо, но сепак е премалку за играч во кој се вложени толку многу пари.

Ромелу Лукаку е петти на листата на најскапи засилувања на Јунајтед – клубот му плати 84,7 милиони евра (дојде од Евертон).

На 66 натпревари, Белгиецот постигна 28 гола. Малку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…