Дома Фудбал Германија Најпријатното изненадување во Европа нема да може да игра во Лига на шампиони

Најпријатното изненадување во Европа нема да може да игра во Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се наоѓа пред тешка одлука кога се во прашање фудбалските клубови Лајпциг од Германија и Салзбург од Австрија. Двата тима, чиј сопственик е компанијата „Ред Бул“, со настапите во националните првенства изборија пласман во Лигата на шампионите.

Сепак, УЕФА покрена истрага бидејќи клубовите имаат иста сопственичка структура, нешто што УЕФА не го дозволува. Иако нема финансиска поврзаност на клубовите, УЕФА знае дека најголем финансиер на Лајпциг и Салзбург е „Ред Бул“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најверојатно, УЕФА ќе донесе одлука еден клуб да не може да игра во Лигата на шампионите. Во тој случај во предност е Салзбург бидејќи е шампион на својата држава, а Лајпциг сезоната во Бундеслигата ја заврши на второто место.

Според УЕФА, ниту едно правно или физичко лице не смее во исто време да има влијание во два клуба.

Доколку на Лајпциг не му биде дозволено да игра во Лигата на шампионите, тогаш Баерн, Дортмунд и Хофенхајм директно ќе играат во фазата по групи во Лигата на шампионите, а до позицијата која носи настап во квалификациите, во пресрет на последното коло најблиску е Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…