Дома Македонски спорт Мак фудбал Најкреативниот македонски клуб бара инвеститор!

Најкреативниот македонски клуб бара инвеститор!

Клубот кој најдобро работи на своја промоција на социјалните мрежи ГФК Осогово од вечерва и официјално е во потрага по инвеститор, партнер, спонзор…

Осогово има финансиски проблеми и сега се бара некој кој ќе може сериозно да вложува во овој клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

“По долги консултации и состаноци помеѓу управата на ГФК Осогово и навивачите кои оправдано не се задоволни од резултатите и постигнатото ниво на успех во последната полусезона од 2 лига исток, клубот и раководните луѓе одлучија да го објават во јавност ова соопштение со цел подобра иднина на градскиот фудбалски клуб Осогово.

За таа цел да се реализира ние како управа сме во потрага по сериозен инвеститор, партнер или спонзор на клубот кој би сакал во следниот период да го превзеде раководењето со клубот ГФК Осогово, како и да го подигне нивото на ефикасност, да го оддржи нивото на професионализам како и да изврши санирање и реконструкција на инфраструктура на објактите кои би ги добил на користење со цел клубот да функционира непречено и да постигнува задоволителни резултати. Ние како управа сме одговорни за сите случувања во клубот во последните две и пол години и со поддршката од локалната самоуправа која е минимална и финансиската конструкција потпомогната од неколку спонзори која ја имаме реализирано за оваа сезона сме во можност клубот да го раководиме и да бидеме на едно оддржливо ниво како просечен клуб, без долгови, но не и конкурентни за пласман во повисок ранг или посериозна професионална работа.

До и во овој момент, сите раководни лица на клубот работат волонтерски и сите средства од буџетот на клубот се наменети за потребите и плати на играчите како и оддржување на теренот и стадионот.

Клубот моментално има 2 младински школи во натпреварувачки категории У14 и У16 како и професионален сениорски тим кој се натпреварува во 2 лига исток, Стадион Никола Мантов со капацитет од 6000 гледачи со подтрибински простор од 3 канцеларии, сала за прес и состаноци, кујна и менза, 3 соблекувални, 1 теретана, 1 магацин, помошен терен и главен терен, кој ќе биде доделен на користење на определен или договорен временски период на заинтересираниот субјект кој би раководел со клубот. Не треба да заборавиме дека клубот е бренд на градот Кочани и еден од најстарите и најпознатите клубови во Македонија со основање од 1924 годона и не сакаме никој да го користи за злоупотреба на лични цели или да дојде до негово згаснување затоа и се одлучивме на ваков чекор, секако сите заинтересирани субјекти доколку сакаат би добиле и понатамошна помош од луѓето кои моментално се во клубот и на кој клубот им значи. Затоа упатуваме јавна понуда до сите правни и физички лица, компании или инвестициски фондови од земјата и од странство заинтересирани за ваков тип на работа кои би биле во можност да го подигнат нивото на фудбал во градот и државата како и нашиот клуб на едно повисоко професионално ниво да не контактираат на следниот Е-маил:

[email protected]

Спортски поздрав

Раководно тело на ГФК Осогово“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …