Дома Македонски спорт Мак баскет Maкедонски фудбал: Второлигаш играше натпревар во различни дресови

Maкедонски фудбал: Второлигаш играше натпревар во различни дресови

Не беше така одамна кога тимот на Осогово најавуваше амбиции за влез дури и во Првата фудбалска лига на Македонија, но место тоа клубот денес поминува низ голема криза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, кочанскиот тим по 16 одиграни кола е претпоследен на табелата во Втората лига и до крајот го чека тешка битка за опстанок. Последната победа Осогово ја оствари на 28. октомври, но освен на резултатски Осогово потфрла и на организациски план.

Од клубот преку социјалните мрежи изразија незадоволство од работењето на управата бидејќи фудбалерите вчера играа во опрема од три различни производители, но и во две комбинации дресови.

„ГФК Осогово памети и потешки денови, но ваков срам не. На мечот против Беса игран вчера (сабота) нашиот Осогово настапи во спортска опрема од дури три бренда. Дрес Јако, шорц Џивова и штуцни Најк. Притоа се играше во два разни модели на дрес. (Во прилог фото).

Ваков срам е недозволив. Во годината кога клубот слави 100 години постоење, во ситуација кога управата очигледно не е способна и основни услови (спортска опрема) да обезбеди, оправдани се сомнежите дали ќе може жолто-сините барем да останат во Втора лига.

П.С. Се носат нови играчи кои се суспендирани четири меча, малтене пола полусезона“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…