Дома Фудбал Останато Најдоски 29 години по светската титула со Звезда: Знаевме како се играат големи натпревари

Најдоски 29 години по светската титула со Звезда: Знаевме како се играат големи натпревари

Пред точно 29 години Црвена Звезда во Коло Коло стана светски шампион, дел од таа генерација на Звезда секако беа и македонските фудбалски легенди Илија Најдоски и Дарко Панчев.

Навивачите на Звезда имињата на Панчев и Најдоски ќе ги паметат засекогаш како едни од најважните во нивната историја. Денес Најдоски се птосети на финалето на Светското клупско првенство.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Убаво е да се потсетиш после 29 години на еден таков натпревар. Одигравме навистина добро, на едно високо ниво. Во второто полувреме игравме со играч помалку, но издржавме. Коло Коло не беше лоша екипа, но Звезда во тоа време играше феноменален фудбал и кај сите нас во тимот имаше голема самодоверба. Знаевме како се играат големи натпревари“, изјави Најдоски.

Најдоски беше капитен на Звезда и по победата во финалето го крена трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…