Премиер лигата важи за една од физички најтешките лиги во светот, па така и едни од најбрзите фудбалери во светот играат тука.
Во медиумите на Островот сега е објавена листата на најбрзите, а изненадување е што на врвот се наоѓа напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халанд има одлични голгетерски способности, но не се истакнуваше посебно со неговата брзина. Сепак, тој го има најбрзиот спринт во првите натпревари сезонава.
ТОП 10 НАЈБРЗИ ФУДБАЛЕРИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА
10. Габриел Мартинели (Арсенал) – 35,08 км/ч
9. Хјонг Мин-Сон (Тотенхем) – 35,13 км/ч
8. Антони Родинсон (Фулам) – 35,14 км/ч
7. Мики ван де Вен (Тотенхем) – 35,17 км/ч
6. Џерсон Москера (Вулвс) – 35,32 км/ч
5. Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 35,35 км/ч
4. Камерон Арчер (Саутемптон) – 35,47 км/ч
3. Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед) – 35,48 км/ч
2. Тимо Вернер (Тотенхем) – 35,69 км/ч
1. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 35,74 км/ч
Натпреварите во Премиер лигата продолжуваат утре со дуелот помеѓу Саутемптон и Манчестер Јунајтед од 13:30 часот.