Џим Ретклиф издвои 100 до 120 милиони евра за купување на францускиот прволигаш Ница.
Неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари, па не е му беше тешко да издвои повеќе од 100 за купување на Ница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот план е во иднина да вложи многу во Ница и од неа да направи фудбалски гигант во Европа.
Човекот кој некогаш живеел во социјален стан во близина на Манчестер во овој момент е најбогатиот во Велика Британија.
Основач е на хемиската форма „Инеос“, а се обидуваше да го купи и Челзи од Роман Абрамович.
Беше спремен за Челзи да плати 4.6 милијарди евра, но Абрамович се откажа од продажбата.
Ретклиф исто така е сопственик на швајцарскиот тим Лаусане, а останува да се види што ќе направи како сопственик на Ница која долги години се натпреварува во Лига 1.