Maнчестер Јунајтед би можел да помине низ големи промени во текот на 2024 година.
Со доаѓањето на Џим Ретклиф на „Олд Трафорд“ многу веројатно ќе следи и гоелма револуција, а засега не е познато дали Тен Хаг ќе ја има довербата од раководството и по сезоната 2023/2024.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Попрецизно, Тен Хаг во вториот дел од сезоната ќе биде под притисок, а тоа го потврдуваат и натписите на Островот за потенцијални негови наследници.
Според последните информации, ако Јунајтед го отпушти Тен Хаг во игра за клупата на „црвените ѓаволи“ се три имиња: Роберто Де Зерби, Грахам Потер и Франческо Фариоли.
Поранешниот и сегашниот менаџер на Брајтон Потер и Де Зерби практикуваат слична филозофија со висок пресинг и посед на топка, но тоа не може да се каже за младиот Италијанецот.
Фариоли работи одлично во Ница, но најмногу неговиот тим воодушеви со играта во одбрана. Сезонава Ница прими само 11 голови, а постигна 19 и тоа и беше доволно да собере 35 бода и да биде на место кое води во Лигата на шампионите.
Фариоли е најмладиот помеѓу споменатите кандидати, има само 34 години и ако продолжи вака пред него се блескави тренерски денови.