Дома Фудбал Репрезентации Најави ли Ибрахимовиќ враќање во репрезентацијата?

Најави ли Ибрахимовиќ враќање во репрезентацијата?

ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ се прости од репрезентацијата после Европското првенство во 2016 година, не настапи во квалификациите за Мундијалот 2018, а рекордер е по бројот на настапи (116) и голови (82) за селекцијата на Шведска.

Во последната својата изјава Ибра сепак порача дека можеби повторно ќе заигра за репрезентацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ми недостасува репрезентацијата. Кога си играл 20 години за селекцијата и гледаш дека другите се уште го прават тешко е. Вратата не е затворен“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ е надвор од терените од ноември поради повреда, оваа сезона одигра само два натпревари после шестмесечната пауза поради операцијата на коленото.

„Тешеко е кога си повреден, сакаш да играш и за клубот и за репрезентацијата.  Но, морам да ја прифатам ситуацијата и да се борам, ништо друго не ми преостанува“, заврши напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Да потсетиме, Шведска изненадувачки ја победи Италија во баражот и обезбеди пласман на Мундијалот кој во летото кое следи ќе се одигра во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…