Барселона вечерва му гостува на Челзи во еден од најочекуваните дуели од осминафиналето во Лигата на шампиони.
Мометалната форма ги фаворизира Каталонците, но Челзи е најопасен кога е потценет. Двата тима имаат богата историја во меѓусебни дуели, сите после 2000 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е дека од вкупно 12 натпревари, само два се во групната фаза од ЛШ, а останатите 10 го одиграле во елиминациите.
Последно Барселона и Челзи излегоа еден против друг во полуфиналето од сезоната 2011/12, кога „сините“ победија со вкупни 3:2, а потоа го освоија трофејот. Од тогашниот состав на Барса, Педро и Фабрегас сега се во тимот на „сините“ од Лондон.
2005: Chelsea ✅
2006: Barcelona ✅
2009: Barcelona ✅
2012: Chelsea ✅Who will progress in 2018?#UCL pic.twitter.com/lWgKU6we6U
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 19, 2018
Повреди и суспензии
Менаџерот на Челзи има дилема кој да го предводи нападот. Многу поверојатно е тоа да биде Алваро Мората, кој веќе е целосно рехабилитиран, но Жиру исто така има шанси да биде стартер. Во составот се враќа Маркос Алонсо, но Тимуе Бакајоко сигурно ќе го пропушти овој натпревар.
Давид Луиз и Рос Баркли до последно ќе бидат под знак прашалник, но сигурно нема да бидат меѓу стартерите.
За Барселона познато е дека нема да може да настапи Филипe Кутињо кој веќе играше во ЛШ со дресот на Ливерпул. Меси ќе се обиде да го постигна првиот гол против Челзи, а друштво во нападот ќе му прават Луис Суарез и Осман Дембеле.
Средниот ред ќе го сочинуваат Иниеста, Бускетс и Ракитиќ, па единствената дилема за Валверде е десната бековска позиција. Нелсон Семедо е суспендиран, па на таа позиција ќе игра или Сержи Роберто или Алиеш Видал.
Веројатни состави:
Челзи (3-5-1-1): Куртоа, Аспиликуаета, Кристенсен, Гери Кејхил, Мозес, Дринквитер, Канте, Фабрегас, Алонсо, Азар, Мората.
Барселона (4-3-3): Тер Штеген, С. Роберто, Пике, Умтити, Алба, Ракитиќ, Бустект, Иниеста, Дембеле, Суарез, Меси.
Интересни факти:
– Челзи запиша три порази во четири меча, пред да ги добие последните два натпревари со гол разлика од 7:0.
– „Сините“ имаат само два порази од 16 меча со шпански тимови.
– Барселона има само еден пораз во сите натпреварувања оваа сезона.
– Каталонците не примија гол на трите гостувања во ЛШ оваа сезона.
– Меси нема постигнато гол во 8-те меча против Челзи и има само една победа против тимот од „Стенфорд Бриџ“.
Според букмејкерите Барселона е фаворит во овој натпревар, па така според 10bet коефициентот за победа на Каталонците изнесува 2,10 за реми 3,40 додека за поведа на Челзи 3,70.