Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Колумбија – Пакерман води селекција која има потенцијал за изненадувања

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Колумбија – Пакерман води селекција која има потенцијал за изненадувања

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Преостануваат уште три дена дена и стигнавме до последната група од каде што вчера ви ја претставивме селекцијата предводена од Роберт Левандовски, Полска, денес на ред дојде репрезентацијата на Колумбија.

КОЛУМБИЈА

Селекцијата на Колумбија на Мундијалот во Русија ќе биде сместена во група од која многумина веруваат дека ќе се изборат за пласман во следната фаза, барем според имињата на репрезентативците. Колумбијците ќе играат во група со Јапонија, Полска, Сенегал и Јапонија.

Заедно со Полска, Колимбија важи за еден од фаворитите за пласман во следната фаза, додека на Јапонија и на Сенегал им се даваат помали шанси.

Колумбијците Мундијалот ќе го започнат со натпревар против Јапонија на 19 јуни, потоа ги очекува натпревар кој според очекувањата може да биде борба за првата позиција против Полска и за крај на 29 јуни ќе се сретнат со репрезентацијата на која и се даваат најмали шанси, Сенегал.

Колумбија која во овој момент се наоѓа на 16-тата позиција на ФИФА ранг листата во својата историја забележа пет настапи на светските првенства.
За својот шести настап на Мундијалот на Колумбија се избори со четвртата позиција од КОНМЕБОЛ зоната. Колумбија го освои последното место кое водеше директно во Русија, додека зад нив заврши пласман Перу кој обезбеди „карта“ за Русија, но преку бараж.

Колумбијците четвртата позиција ја освоија со учинок од седум победи, шест нерешени и пет порази, со гол разлика од 21 постигнати и 19 примени погодоци (освоени 27 бодови).

Како и поголемиот дел репрезнтација дресот со кој оваа репрезентација ќе настапи во Русија е дизајниран од страна на компанијата „Адидас“ кој изгледа навистина феноменално и важи за еден од најубавите на Мундијалот.

Селекторот на оваа репрезентација, Хозе Пакерман има навистина одлична генерација на фудбалери која има потенцијал за изенадувања. Најd,многу помеѓу 23 патници во Русија кај оваа репрезентација се очекува од: Хуан Квардадо (Јувентус), Карлос Бака (Виљареал), Радамел Фалкао (Монако), Хамес Родригез (Баерн Минхен)…Во продолжение погледнете го комплетниот состав.

Според обложувалницата „Coinbet24“ Колумбија е прв фаворит за пласман во следната фаза со коефициент од 2.30.

За првиот натпревар против Јапонија, Колумбија за победа добива коефицент од 1.71, додека за пораз на селекцијата на Пакерман тој изнесува 5.30,за реми добивате коефицент од 3.60.

Пет дена подоцна Колумбија ќе игра против Полска, а за оваа средба за победа добива коефициент од 2.28, а за победа на Полска „Coinbet24“, дава коефициент од 3.40, за реми тој изнесува 3.15.

Групната фаза ќе ја затворат против Сенегал. За победа на оваа средба Колубмијците добиваат коефициент од 2.04, за изненадување на Сенегалците се доделува коефициент од 3.85, додека за реми 3.30

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …