Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сена, како предводници на македонската делегација која брои шест спортисти.
Македонската делегација се наоѓаше во ист брод заедно со делегациите на Луксембург, Лихтенштајн и на Мадагаскар, како дел од овој спектакл во „градот на светлината“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На оваа Олимпијада, Македонија ќе настапи со шест спортисти, Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).
🇲🇰MACEDONIA 🇲🇰 ❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️#ceremoniedouverture #OpeningCeremony #Paris2024 pic.twitter.com/lnHJUTVMHI
— ВериБедМјау (@veribedmjay) July 26, 2024