ХУЛИЈАН АЛВАРЕЗ, 24-годишниот аргентински напаѓач на Манчестер Сити и машина за трофеи, побара од Пеп Гвардиола да го продаде.
Ова го пренесува Сем Ли, дописникот на култниот The Athletic за англискиот шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пишува Ли, постојат две клучни причини зошто Алварез сака да замине. Првото е разбирливо бидејќи Аргентинецот сака да има поголема минутажа, а тоа освен Ерлинг Халанд не може да го гарантира никој во тимот. Но, уште една причина ги налути навивачите на Сити, кои барањето го нарекоа бизарно. Имено, на Алварез и неговата девојка им е доста од студеното време во Англија и сакаат да одат на потопли места.
Трансфермаркт го цени Алварез на 90 милиони евра, а Ли има информации дека Манчестер Сити би го пуштил напаѓачот за околу 80 милиони евра. Тој има договор до летото 2028 година, а според него заработува нешто повеќе од пет милиони фунти годишно.