Дома Останати Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето на ракометното Европско првенство кое ќе се игра во недела.

Ваквата одлука на челниците на ЕХФ е доказ дека Начевски и Николов одлично си ја завршија досегашната работа на ЕП и дека се дел на ракометната елита.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Начевски и Николов изминатите сезони судеа на сите големи репрезентативни натпреварувања и ракометната Лига на шампиони, но за нив ќе биде прво големо финале.

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио.

Големото финале на Европското првенство се игра во недела во Стокхолм во 16:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…