Претседателот на клубот, Гордана Нацева очекува тимот да продолжи да игра како што играше во првата фаза – убедливо, сериозно и дисциплинирано.

„Да не заборавиме дека екипата е од земјата која е актуелен светски шампион, Франција и дека за нив е дополнителна мотивација да се покажат. Тоа е предизвик и за нас, а и за публиката да дојдат и да видат врвен ракомет. Мец играат извонредна одбрана и се тим со најмалку примени голови во нашата група. Верувам дека девојките ќе најдат соодветно решение за во сабота”, вели Нацева.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вардар е единствена екипа од нејзината група што во првата фаза победи на сите натпревари. Во Главната фаза во лигата, покрај Мец, ги очекуваат Будуќност и германскиот Битигхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар од крај на јануари се враќа во Расадник – но ќе игра натпревари и во „Јане“!

По пауза подолга од дваесет години, Вардар повторно ќе се врати таму каде што во минатото …