Поранешниот Македонски репрезентативец Илчо Наумоски е оптимист пред првиот меч на ЕП против Австрија.
Наумоски голем дел од својата клубска кариера помина во Австрија и одлично ја познава тамошната репрезентација.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Австрија е фаворит, кога ќе го видите пласманот на ФИФА-листата или кога ќе го погледнете ростерот. Но, Германија беше уште поголем фаворит, па загуби. Македонија се пласираше на ЕП, но сега сакаме да направиме нешто“, изјави Наумоски.
37-годишниот прилепчанец израсна во Австрија и за тамошните медиуми вели дека реми би бил одличен резултат за двете селекции.
„Пред мечот сум поделен. Растев во Австрија, но имам македонско потекло. Ги сакам овие две земји повеќе од било што на светот. Играв за Македонија, па сакам да победат. Но и реми би било добро за двете на стартот“, истакна Наумоски.