Дома Фудбал Останато Натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен беше прекинат во 9-тата минута во чест на Сала (ФОТО+ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен беше прекинат во 9-тата минута во чест на Сала (ФОТО+ВИДЕО)

sala

Вчера Нант го одигра првиот натпревар после исчезнувањето на авионот со кој Емилијано Сала леташе кон Кардиф.

На натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен фудбалот беше во втор план, сите на стадионот беа со мислите со Аргентинецот и неговото семејство.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На загревањето и двата тима носеа маици во чест на напаѓачот. Пораката на Нант гласеше „Те сакаме Еми“ додека од Сент Етјен порачаа „Молете се за Сала“.

Главниот судија во 9-тата минута го прекина натпреварот, а стадионот испрати громогласен аплауз како поддршка за Сала.

Пред натпреварот на средината на теренот беше поставен транспарент со ликот на Сала, додека навивачите имаа подготвено кореографија во чест на нивниот миленик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…