Дома Фудбал Останато Направи ли УЕФА кикс: Познато кој ќе биде најдобар во Европа!? (ФОТО)

Направи ли УЕФА кикс: Познато кој ќе биде најдобар во Европа!? (ФОТО)

УЕФА во четвртокот ги објави имињата на тројцата кандидати за престижното признание – Најдобар играч во Европа за сезоната 2018/2019.

Тоа се Лионел Меси (Барселона), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул) и Кристиано Роналдо (Јувентус).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ван Дајк беше еден од најзаслужните што Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и очекувано се најде помеѓу номинираните, додека изненадување не беше и појавувањето на Лионел Меси.

Аргентинецот повторно дојде до европската „Златна копачка“ и Барселона ја одведе до титулата шампион на Шпанија.

Најмногу реакции предизвика номинирањето на Кристиано Роналдо кој со Јувентус го освои Скудетото, но тоа беше и очекувано поради доминацијата на „старата дама“ во Италија.

На „Водафон Парк“ стадионот на кој се играше  Супер купот пронајден е лист според кој Меси ја освојува наградата за најдобар во Европа, а зад него е Ван Дајк, па Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…