Наполи до минатиот викенд имаше само два нерешени натпревари и два порази во првите 27 кола од Серија и постоеше теоретска шанса да го сруши рекордот на Јувентус кој под водство на Антонио Конте во сезоната 2013/2014 освои 102 бода.
Тогаш Јувентус во 38 натпревари не победи само на пет натпревари, двапати беше поразен и трипати ремизираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со дебаклот против Милан (4:0) Наполи изгуи математички шанси да го достигне тој рекорд на „старата дама“. На десет кола пред крајот клубот од Неапол има 71, 31 помалку од рекордот, а на располагање до крајот се уште 30 бодови.
Сепак и понатаму има можност да ја надмине границата од 100 бода и да стане само втора екипа во Италија на која тоа и успеало во 38 натпревари.
За математички да го обезбеди Скудетото на Наполи му се потребни само уште 15 бодови затоа што во овој момент има 16 повеќе од второпласираниот Лацио.