Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи покажува сериозен интерес за играчот на Милан, Сусо.
Шпанецот веќе две сезони е најдобриот поединец кај „росонерите“ и за него интерес покажуваат многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Калчомеркато“ пренесува дека тренерот на Наполи, Маурицио Сари го означил Сусо како приоритет и му соопштил на раководството дека го сака во својот тим по секоја цена.
Наполи наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент, а проблем за Милан е што Сусо во договорот има откупна клаузула од „само“ 40 милиони евра.
Наполи е спремен да ја плати клаузулата, па сега се е во рацете на фудбалерот. Од друга страна Милан ќе направи се за да го задржи Шпанецот и е спремен да му понуди нов договор.