Белгискиот репрезентативец Јан Вертонген го напушти Тотенхем и сега е слободен агент.
Според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов за 32-годишниот дефанзивец покажува Наполи, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент, пренесува „Газета дело Спорт“.
Наполи е во потрага по нов дефанзивец бидејќи иднината на Кулибали е неизвесна, но дури и да остане сепак би бил одличен тандем со Вртонген.
За Белгиецот интерес покажуваат уште Интер, Рома и Ајакс.