Дома Фудбал Италија Наполи станува шампион во домот на Јувентус?!

Наполи станува шампион во домот на Јувентус?!

Наполи сезонава игра одличен фудбал и сосема заслужено тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред освојување на титулата шампион на Италија.

Во Наполи веќе не размислуваат дали, туку кога ќе го прослават Скудетото. Никој досега во Италија не го освоил Скудетото пред последните пет кола, а Наполи има шанса тоа да го направи на шест или седум кола до крајот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите најмногу посакуваат шампиони да станат на 23-ти април кога клубот од Неапол ќе му гостуваат на Јувентус на „Алијанц Арената“.

Причината за ваквата желба е јасна – ривалството помеѓу двата клуба е огромно и во Неапол постои огромна омраза кон „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Росениор пред реваншот против ПСЖ: Да не ги повториме грешките од Париз

Лијам Росениор, тренерот на Челси, истакна дека неговиот тим беше казнет заради индивидуал…