Деновите на Мунир Ел Хадади во Барселона се одброени, откако не потпиша нов договор и сега е слободен да преговара со други клубови.
Каталонските медиуми тврдат дека неговата следна дестинација е веќе позната. Имено тој постигнал комплетен договор со Севиља и од јуни ќе се пресели како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Барселона неколку месеци се обидувало да му го продолжи договорот и му испратиле две понуди, но Мунир ги одбил. Интерес за него покажа и Бетис и клубови од Премиер лигата, но тој ја избра Севиља.
Валверде оваа сезона скоро воопшто не смета на 23-годишниот напаѓач и тоа најверојатно е причината што Мунир се одлучил да го напушти „Камп Ноу“.
? [COPE – @HelenaCondis] | Munir has a pre-agreement with Sevilla to play in Nervión next season
? It will arrive with the freedom card, as his contract ends in June
? Munir has rejected Barça's renewal proposals pic.twitter.com/eLSvaf5GEf
— BarçaTimes (@BarcaTimes) January 3, 2019