Дома Останати Надал ја прекинува кариерата после Ролан Гарос, има „мртво стапало“

Надал ја прекинува кариерата после Ролан Гарос, има „мртво стапало“

Шпанскиот тениски експерт и новинар на „Кадена Копе“, Анхел Гарсија откри шокантни детали за повредата на Рафел Надал.

Анхел Гарсија открива дека Надал решил да преземе ризичен чекор со анестезирање на стапалото за да не ги чувствува болките, се со јасна цел да дојде до 14-та титула на Ролан Гарос.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


 Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.

„Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можеби ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по Ролан Гарос и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека Ролан Гарос е вреден за тоа“, откри Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на Вимблдон

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Вимблдон, откако дене…