Дома Останати Тенис Надал по титулата во Акапулко: Имав среќа што моето хоби ми стана работа

Надал по титулата во Акапулко: Имав среќа што моето хоби ми стана работа

Рано утрово Рафаел Надал го победи Камерон Нори во финалето на Акапулко и стигна до својата четврта титула на турнирот кој се игра во Мексико.

Трофејот во Акапулко го потсети Надал на неговиот прв трофеј тука кој го освои пред 17 години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Се сметам себеси за човек кој има голема среќа. Успеав моето хоби да ми стане работа од која живеам. Не сакам луѓето да ме гледаат како се нервирам и кршам рекети, лошо е кога луѓето гледаат како се разочаруваме кога животот ни пружил можност да го правиме тоа што го сакаме. Секој ден работам напорно за да го продолжам уживањето во тенисот“, порача Надал.

Надал првпат во Акапулко славеше во 2005 година, а од тогаш освои голем број трофеи и стана еден од најдобрите тенисери во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Бранителка на титулата на Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го заврши својот…