Дома Останати Надал победи „загубен“ меч: Ова се случува еднаш во илјада меча!

Надал победи „загубен“ меч: Ова се случува еднаш во илјада меча!

Рафаел Надал со неверојатен камбек во третиот решавачки сет го победи Данил Медведев и ја оствари првата победа на завршниот турнир во Лондон. 

Медведев го доби првиот неизвесен сет во тај-брејк, по што следуваше одговор на Шпанецот, а во третиот сет се случуваше вистинска драма.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Надал успеа да се врати од 1:5 негатива, спаси меч топка, и го однесе мечот во тај-брејк за на крајот да оствари голема победа.

„Жал ми е за Данил. Ова е тежок пораз за него. Ова се случува еднаш во илјада меча, се чувствувам супер среќно. Ова беше многу тежок меч во кој бев речиси загубен. Играв подобро од пред два дена, иако во третиот сет отворив многу лошо“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…