Дома Останати Тенис Надал испадна од турнирот во Мадрид

Надал испадна од турнирот во Мадрид

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, 31. на АТП-листата, го победи легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал со 7:5, 6:4 во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Мадрид.

Надал се обидува да се врати во форма по долго отсуство од тениските терени поради повреда, но сега испадна.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Надал така го заврши настапот на турнирот каде пет пати ја освојуваше титулата. Во четвртфиналето Лехечка ќе игра против Русинот Данило Медведев, кој во претходниот меч го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 7:6(3), 6:4.

Пред синоќешниот пораз, Надал победи три меча по ред на турнирот во Мадрид за прв пат од летото 2022 година. Со оглед на долгата пауза, Надал, освојувач на 92 титули, моментално е на 512-то место во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ јавно откри што се случи: Синер ми се извини…

Новак Ѓоковиќ не успеа да добие шанса да се бори за 25-та гренд слем титула. Во полуфинале…