Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е убеден дека може да го престигне Роџер Федерер по бројот на освоени Грен слем титули.
Надал досега има освоено 16 Грен слем титули, а Федерер е апсолутен рекордер со 19 титули.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Можно е, но ќе биде тешко. Никој не може да ми гарантира дека и на 36 години ќе играм тенис. Ќе играм додека тоа ми го дозволуваат умот и телото. Не сум исплашен или загрижен што кога-тогаш ќе мора да се пензионирам. Среќен сум и без тенисот, но во другите работи е тешко да се почувствува адреналинот што го носи спортот“, изјави Надал.
Шпанецот има најголеми шанси годината да ја заврши на првото место на АТП-листата, тој има 1.960 бода повеќе од Федерер.
По освојувањето на титулата на Отвореното првенство на САД, која за него беше 16-та на Грен слем турнирите, Надал истакна дека следна цел му е освојување на завршниот мастерс, турнир на кој никогаш не победил.